Жозеп Борел на средби со државниот врв

Сподели

 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој од вчера престојува во посета на Скопје, денеска ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерите на парламентарните партии.

„Скопје е првата станица од неговата посета на регионот, при што освен Северна Македонија, ќе ги посети и Албанија и Босна и Херцеговина. Посетата на Борел на Западен Балкан ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот, исто така, во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина“, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава.

Високиот претставник ќе одржи прес-конференција со премиерот Ковачевски со почеток во 12 часот.