Uncategorized

Зимската служба на Општина Центар со 7 возила ги расчистува улиците од снегот

Сподели:

Општина Центар подготвена ги дочека денешните снежни врнежи, зимската служба е веќе на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината.
Со вкупно 7 возила – 2 со плуг и соларка, 4 специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари, Општина Центар спремно ги дочека
првите врнежи на снег.
Се расчистува снегот на повеќе локации на најпрометните улици во општината, се фрла сол и се расчистува уличната мрежа и критичните сообраќајни точки околу подножјето на планината Водно.

Општината е во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и останува во координација со градските служби за брзо и ефикасно делување во случај на евентуално зголемување на интензитетот на снежните врнежи.

Сподели: