ЗНАМ: Две години работа, две години резултати. Една љубов – Македонија

Сподели:

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години.

Обраќајќи се пред граѓаните, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика.

„Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност.“ – истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат.

„Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“ – порача Претседателот на ЗНАМ.

Во своето обраќање, Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви.

„Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“ – порача тој, нагласувајќи ја определбата за отчетот да биде отворен пред граѓаните.

Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја.

Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава.

„Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат:

‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија.’“ – порача Димитриевски на крајот од своето обраќање.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува посветено на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање на Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава.

Сподели: