ЗНМ: ПРОЦЕСОТ ЗА БОЖИНОВСКИ НАМЕРНО СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВА

Сподели

znm

Здружението на новинарите на Македонија предупредува дека судскиот процес против новинарот Зоран Божиновски непотребно се одолговлекува, а со тоа судот ги прекршува неговите граѓански права за фер и правично судење.

„Новинарот Божиновски веќе две недели штрајкува со глад со барање да му се укине притворот, а судот денеска вторпат го одложи судењето поради лични и семејни проблеми на судијката Сандра Крстиќ. Божиновски штрајкува со глад, а судот тврди дека неговата здравствена состојба е добра. Како е можно да се тврди тоа за човек кој две недели гладува и се одржува со инфузии? Јавно го прашуваме судот што треба да му се случи на Божиновски за судот сериозно да го разгледа барањето за укинување на притворот“, велат од ЗНМ.

Здружението го повика Апелацискиот суд веднаш да ја достави одлуката за случајот „Шпион“ до Кривичниот суд за да можат адвокатите да имаат увид во доказите и да ја подготват одбраната, а ако не се направи тоа, во јавноста ќе остане впечатокот дека случајот е политички монтиран.