Ѕвездата на ЛА Лејкерс ограбена пред својот дом – Еве што му однесоа крадците!

Сподели

Кошаркар на ЛА Лејкерс бил ограбен со закана со пиштол среде ноќ пред неговата куќа.

Како што пренесува американскиот таблоид ТМЗ, станува збор за Колдвел-Поуп на кого му бил украден имот вреден околу 150.000 американски долари.

Инцидентот се случил на 17 јуни околу 4 часот наутро додека Колдвел-Поуп разговарал со пријателите на патот. Потоа до нив запре автомобил, од кој излегоа тројца вооружени лица и ги замолија кошаркарот и неговата компанија да предадат се што имаат.

Притоа кошаркарот остана без накит, часовник Ролекс и Ајфон вреден околу 150.000 американски долари. Откако го добиле она што го барале, разбојниците заминале без да повредат никого.

Колдвел-Поуп минатата сезона одигра 67 натпревари со просек од 9,7 поени и 2,7 скока по натпревар.

The post Ѕвездата на ЛА Лејкерс ограбена пред својот дом – Еве што му однесоа крадците! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico