100 години Скопје ЗОО – Нови и прекрасни жители ја збогатија градината

Сподели:

Зоолошката градина Скопје го прославува големиот јубилеј – 100 години од постоењето Скопје ЗОО.

По повод јубилејот оттаму изјавија дека големото зоолошко семејство стана побогато за нови, интересни и прекрасни жители.

Во Скопје ЗОО пристигнаа патагониски мари, нанду птици, кокошести гуски, бели пауни и лебеди .

Новите жители моментално се наоѓаат во задолжителен карантин, каде што добиваат соодветна грижа и ветеринарен надзор, со цел безбедно да се приспособат на новата средина.

Наскоро ќе имате можност да ги запознаете и да уживате во нивната убавина!

Продолжуваме да го збогатуваме животинскиот свет во нашата и ваша Скопје ЗОО, со многу љубов и посветеност кон животните! 100 години Скопје ЗОО, 100 години љубов за животните!

Сподели: