Спорт

По повеќе од 20 години кариера заминува во пензија – Овој легендарен фудбалер кажа доста е!

Сподели:

Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез објави дека става крај на својата играчка кариера.

фото: AP Foto/Natacha Pisarenko)

Тевез ја наведе загубата на неговиот татко на почетокот на 2021 година како клучен дел од неговата одлука да престане да игра, и покрај понудите да ја продолжи кариера.

Карлос Тевез (38) ја започна и заврши кариерата во Бока Јуниорс.

Во својата кариера настапуваше и за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Шангај.

фото: Getty Images

Досега има постигнато 308 голови на 746 натпревари за сите клубови во кој бил дел, а за аргентинската репрезентација одигра 76 натпревари и постигна 13 голови.

The post По повеќе од 20 години кариера заминува во пензија – Овој легендарен фудбалер кажа доста е! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: