Лога: Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд

Сподели

 

Министерот за правда Кренар Лога се огласи на својот ФБ профил, каде ја поздрави одлуката на Уставниот суд за поништување на упатството за водење на матичните книги со кое се воведе графа за етничката припадност.

Во објавата, Лога кусо напиша:

„Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд и очекувам Судот да постапува по службена должност ажурно и за останатите прописи каде што е прекршен уставниот рок за објавување во ‘Службен весник’“.