Jавното соопштение на в.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Д-р Каролина Симоновска со кое забранува да се споменува нејзиното име, претставува форма на јавeн притисок насочен кон медиумите. Ваквите објави се директна цензура врз новинарите и ја поткопуваат слободата на изразување и независноста на медиумите, се наведува во соопштението на ЗНМ
Ги потсетуваме сите носители на јавни функции дека, доколку имаат забелешки за објавени медиумски содржини, секогаш може да побараат исправка или демант.
Исто така, на располагање им се и телата за саморегулација на медиумите, кои ја оценуваат етичноста и професионалноста на медиумските содржини.
Оваа форма на јавни известувања е неприфатлива бидејќи создава атмосфера на заплашување и недоверба, што е спротивно на демократските вредности и јавниот интерес.

ЗНМ, соопштение
