Муцунски на средба со Гутереш

Сподели

Денес, во седиштето на Обединетите нации, остварив средба со генералниот секретар на United Nations, Антонио Гутереш. На средбата ја нагласив значајната улога на организацијата во време на комплексни глобални предизвици, како што се вооружените конфликти, кршењето на човековите права, тероризмот, насилниот екстремизам, новите технологии и климатските промени, напиша министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Во однос на Агендата 2030 и одржливите развојни цели, заеднички се согласивме дека Пактот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Истакнав дека како држава остануваме подготвени да дадеме активен придонес во зајакнувањето на мултилатерализмот и унапредувањето на глобалниот дијалог.

Ја реафирмирав нашата цврста посветеност на принципите на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, особено сега како членка на Советот за човекови права.