Претседателот на Собранието, Африм Гаши по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка во име на Собранието на Република Северна Македонија и во негово лично име.
“Овој ден претставува важен момент на размислување и вреднување на богатата култура, посебниот идентитет и идентитетот што ромската заедница го градела низ вековите. Тоа е и постојан повик за зајакнување на нашата заедничка посветеност кон еднаквост, инклузија и целосно почитување на човековите права.
Ромската заедница е важен дел од општествениот и културниот мозаик на нашата земја. Ја нагласувам одговорноста на институциите за создавање на политики и механизми што гарантираат еднакви можности, квалитетно образование, економска вклученост и достоинствен живот за секој граѓанин, без разлика.
Нека овој ден послужи како поттик за продлабочување на соработката, зајакнување на разбирањето и унапредување на вредностите на почит и еднаквост во нашето општество.
Честит 8 Април – Меѓународен ден на Ромите!”


