САД и Иран се договорија за двонеделно примирје.
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека ова е голем ден за светскиот мир откако САД и Иран, со посредство на Пакистан се согласија на условно двонеделно примирје, проследено со отворање на Ормускиот Теснец. И тој и Белата куќа го прогласија примирјето за голема победа на САД.
Иранскиот Национален совет за безбедност соопшти дека се согласни со примирјето и најавија отворање на Ормускиот Теснец, со кој ќе се овозможи бродскиот сообраќај.
Од суштинското прашање не е само дали прекинот на огнот ќе трае две недели, туку и дали ќе отвори простор за посеопфатен и траен договор. Иран и натаму инсистира на своите услови, додека САД засега зборуваат за ограничена и привремена деескалација.
фото скриншот


