Во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и Католичката црква во Македонија, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт – Куманово, вчера во Занаетчиски дом, беше промовирана монографија, посветена на 25 годишниот јубилеј на епископството на Неговото превозвишенство, Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монсињор д-р Киро Стојанов.

Настанот го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, истакнувајќи ја важноста и улогата на верските заедници, во општествениот систем на земјава.
Во рамки на промоцијата на книгата, публиката имаше можност да проследи и панел дискусија, со наслов: “Христијанските вредности – мост меѓу традицијата и современото живеење.”

На трибината говореа: директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска, монсињор д-р Киро Стојанов, отец Гоце Костов и отец Зоран Стојанов, преку чии излагања подетално беше прикажано делото и мисијата на монсињор Стојанов.
Промоцијата беше збогатена со музичка содржина.
извор/фото општина Куманово


