Почна кампањата за независност на Каталонија

Сподели

И покрај отпорот во земјата и од странство, каталонската влада цврсто се држи до намерата за одржување референдум за независност на 1 октомври. Кампањата почна со голем собир, пренесува Дојче веле.

Со извици „Независност“, „Ќе гласаме“ и „Не се плашиме“ шефот на каталонската регионална влада Карлес Пуџдемон и други лидери на движењето за независност влегоа во арената за борба со бикови во градот Тарагона. „Гласајте и на тој начин внесете светлост во темнината која трае премногу години“, изјави Пуџдемон пред околу 8000 приврзаници. Арената беше претесна за сите оние кои сакаа да присуствуваат на почетокот на кампањата за референдумот, па тие беа собрани околу објектот. Надвор од објектот имаше и противници на планираниот референдум.

Шпанскиот Уставен суд минатата недела го прогласи за неважечки законот за референдум донесен во Барселона. Тој е одложен за пет месеци, рок во кој судот би требало да донесе конечна пресуда. Судот проверува дали референдумот за независност е во спротивност со Уставот на земјата, во кој стои дека Шпанија е неделива.

Spanien | Beginn des katalonischen Unabhängigkeitsreferendums in Tarragona (Getty Images/AFP/J. Lago) Приврзаници на референдумот за независност пред арената во Тарагона

Уставнот суд често се игнорира

Шпанската централна влада со сите сили се спротивставува на планираниот референдум. Премиерот Маријано Рахој ги повика Каталонците на бојкот на гласањето.

Главниот обвинител Хозе Мануел Маза најави поднесување кривични пријави против каталонски регионални политичари и пратеници поради злоупотреба на службената должност и непочитување на судски одлуки. Обвинителството побара од полицијата да ги заплени избирачките кутии, летоците и други средства и документи за референдумот.

Каталонските власти редовно им се спротивставуваат на пресудите на шпанскиот Уставен суд, чиј легитимитет не го признаваат. Судот, по барање на владата во Мадрид, уште во 2014 година забрани еден правно необврзувачки референдум занезависност на Каталонија. Правосудството тогаш аргументираше дека прашањето за кое треба да се гласа се однесува на целовитоста на земјата, а тоа не е во делот на компетенции на регионалната влада.

Регионот Каталонија има свој јазик и со векови се чувствува потиснат од страна на Мадрид. Тоа е економски најсилен регион во Шпанија, со 7,5 милиони жители и удел од една петтина во шпанското економско постигнување. На крајот на 1970-тите Каталонија се избори за автономни права во делот на образованието и здравството, но за многу жители на регионот тие права не се доволно.