Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Александар Нешкоски: “Треба да одговараат сите. Од тие со командна одговорност, па сè до Зврлевски”!

Сподели:

За убиството на Мартин треба да одговараат сите, а не само специјалецот Игор Спасов, кој е осуден со правосилна пресуда за убиство на 14 години затвор, смета братот на Мартин, Александар Нешкоски, во интервју за „Макфакс“.

Нешкоски се сомнева дека убиството на брат му било случајно. На прашањето дали очекува СЈО да отвори истрага за докрај да се расчисти случајот, Нешкоски вели: „Треба да одговараат сите. Од тие со командна одговорност, па сè до Зврлевски“, вели тој.

Братот на Мартин раскажа за односот на поранешниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски, кој на мајката на Мартин по обдукцијата ѝ рекол „Јас го пратив син ти на касапење. Ми можеш ли нешто?“ Александар изјави дека наместо државата преку судот и Обвинителството да го расветлат случајот, тие се соочиле со системски притисоци од сите страни. „Имаме судски постапки. Сите се или одбиени или партиски притискани за да не излезат на површина“, вели тој, при што посочува дека е потребно да се утврди и командна одговорност. „Самиот суд и обвинител треба да утврдат што барал убиецот на Мартин на тоа место. Тој не бил таму без ничија команда. На тоа останаа глуви и судот и Обвинителството“.

Нешкоски се сомнева дека убиството е случајно. „Имаме време да чекаме. Ќе видиме дали судот ќе си ја заврши работата“. На прашањето на „Макфакс“ дали објавената фотографија на премиерот Зоран Заев со „тигарот“ Игор Спасов е пропуст, тој тврди дека објавената фотографијата не е случајна. Во интервјуто братот на Мартин вели дека видеоматеријалите и текстовите полека исчезнуваат од порталите и од „Јутјуб“.

Сподели: