Расте бројот на загинати во нападот во Њујорк

Сподели

Најмалку осум лица загинаа, а околу 11 се повредени во вчерашниот напад во Њујорк, кога возач на мини-камион влета во велосипедска патека, а според очевидците, при обидот да избега, бил ранет и се наоѓа во притвор.

Властите соопштија дека осомничениот за нападот е идентификуван како 29-годишен Сејфуло Саипов, по потекло од Узбекистан.

Претседателот Доналд Трамп преку твитер кажа: „Не смееме да дозволиме ИСИС да се вратат или да влезат во нашата земја, откако ги поразивме на блискиот исток и насекаде. Доста е”.