34. Меѓународен саем на книгата од 3-ти до 9-ти мај

Сподели

 

Саемот на книга ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена Борис Трајковски

Издавачите се подготвени да ги понудат своите најнови изданија и својата богата понуда со големи саемски попусти на Саемот за книга 2022.
 
Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.
 
Работното време на саемот од 10:00 до 20:00 часот.  Билетите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.
 
Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија