360˚ Бејли: Сега е има посочување на злоупотреби, што е нормално функционирање на демократијата

Сподели

Aмбасадорот на САД, Џес Бејли во последното интервју пред неговото заминување од земјава за емисијата „360 Степени“ на Алсат, направи споредба меѓу владеењето на претходната и сегашната влада и реакциите од Американската амбасада.

Амбасадата беше многу гласно за демократското назадување во годините од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Сега некако сте воздржани. Дали тоа значи дека нема што да и забележите на актуелната влада?

-“Видете, ние продолжуваме искрено да се грижиме за демократијата, за независноста на судството, за владеењето на правото. Се разбира, ќе продолжиме да зборуваме за тие прашања постојано. Разликата сега, би рекол, е што има многу поголема јавна дебата, многу повеќе критички настроена дебата меѓу владата и медиумите, граѓанското општество за овие прашања. Луѓето не само што отворено посочуваат области во кои владата можеби не ги исполнува ветувањата што ги даде, туку се посочуваат и примери на злоупотреби, на пример, актуелната дискусијата за клиентелизам и непотизам и така натаму. Тоа се прашања кои се вадат на површина, се дебатираат, од новинарите, од граѓанското општество, од граѓаните и тоа сосема отворено. Тоа е нормално функционирање на демократијата. Прашањето не е дали има или нема грешки. Прашањето е дали тие се дебатираат и дали се постапува по нив низ политиката, низ институциите и би рекол дека има разлика и таму. Таму каде што ќе забележиме прашања што се загрижувачки, ќе продолжиме да зборуваме за нив. Имаме годишен извештај за човековите права и така натаму. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа.”