Во мај, Скопје дише во ритамот на операта. Светлата на сцената, гласовите што носат емоција и безвременските дела создаваат магија што ја обединува публиката и ја претвора уметноста во незаборавно доживување.
„Мајските оперски вечери“ остануваат простор каде традицијата и современата уметничка визија се среќаваат на највисоко ниво.
Седум оперски претстави од Пучини и од Верди, од кои две првпат во една вечер, како и еден балет, се на програмата на годинашниот 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, кој традиционално се одржува од 9 до 31 мај во Националната опера и балет.
Фестивалот ќе почне в сабота со две оперски претстави од Џакомо Пучини – премиерите на „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, откако фестивалскиот оган ќе го запали нашата сопранистка со меѓународна кариера Ана Дурловски.
Следниот термин на МОБ е 13 мај, кога ќе биде изведена Вердиевата опера „Риголето“. Потоа на програмата се и: „Тоска“ од Пучини (16 мај), „Мадам Батерфлај“ на Пучини (20 мај) и Вердиевите опери „Травијата“ (27 мај) и „Набуко“ – со која на 31 мај ќе биде затворен фестивалот. На програмата е и балетот „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски, кој ќе биде изведен на 22 мај.
Програмата е следниот линк
Оваа година подготвивме репертоар што внимателно ја спојува традицијата со новата енергија. Секоја од претставите на програмата носи различна емоција и заедно создаваат едно целосно искуство што посакуваме публиката да го памети. „Мајките оперски вечери“ се и огледало на институцијата, кое покажува колку сме подготвени да работиме посветено, да поставуваме стандарди и да создаваме продукција што може достоинствено да стои рамо до рамо со европските сцени, истакна Директорот на Националната опера и балет, Оливер Арсовски.


