Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во Градскиот парк во Скопје. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека Град Скопје започна со засадување на 60 нови садници јавор и јасен кои ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура на паркот.
Тој изјави дека на местото на секое паднато дрво ќе никне нова надеж, а паркот повторно ќе биде уште позелен, поубав и подостоен за скопјани.
Паралелно, екипите на град Скопје продолжуваат со санирање на штетите низ целиот град.


