Проштална средба на Гаши со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Сподели:

Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

Претседателот Гаши, во името на пратениците и во свое име, и се заблагодари на амбасадорката Филипиду  за посветеноста и ангажманот за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Република Грција и за продлабочување на меѓусебното пријателство и соработка.

Претседателот истакна дека земјата останува искрено посвестена  на градењето добрососедски односи, засновано врз меѓусебно почитување, констуктивен дијалог и соработка во области од заеднички интерес. Тој изрази уверување дека контитуираниот политички дијалог и отворената комуникација претставуваат најдобра основа за понатамошно продлабочување на билатералните односи.

Тој истакна дека европската интеграција останува наш врвен стратешки приоритет и земјата е цврсто определена да продолжи со реформите и исполнување на европската агенда.    

Амбасадорката Филипиду истакна Грција го поддржува процесот на проширување на Европската Унија и дека како претседавач со Советот на Европската Унија во втората половина на 2027 година ќе се залага да дава поддршка  на европската перспектива на земјата како и на сите земји од Западниот Балкан.

Претседателот Гаши и посака на амбасадорката Филипиду многу здравје и успех во натамошните професионални предизвици. 

Сподели: