Џафери: Среќни Божиќни празници

Сподели

 

По повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка до сите православни верници​.

“Дозволете од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ. Ви посакувам добро здравје, душевен мир, спокој, личен и колективен напредок. Празникот нека биде уште една причина повеќе да споделувате убави празнични моменти со вашите најблиски и најдраги, секогаш водејќи се од мислата на скапоценоста на среќата и топлината што ја наоѓаме во сопствениот дом. Со празнувањето на Божиќ се слави добронамерноста и правењето на добрите дела, солидарноста и хуманоста, љубовта. Се слави вербата дека годината што ја оставивме зад себе, ни овозможи да согледаме колку е кревок човековиот живот и колку е значајно единството и меѓусебната поддршка. Се слави надежта дека во новата година, нема да бидеме ставени пред други предизвици кои го отежнуваат нашиот пат кон светла иднина.

Среќни Божиќни празници!” – честиташе Талат Џафери.