8 медали за македонските ученици на Јуниорската балканска математичка олимпијада

Сподели

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска на својот ФБ профил сподели за успехот на учениците кои учествуваа на Јуниорската балканска математичка олимпијада што се одржа во Струга од 25 до 29 јуни.

“Два сребрени и шест бронзени медали за македонските ученици на 29. Јуниорска балканска математичка олимпијада што се одржа во Струга од 25 до 29 јуни. Браво деца, гордост сте!” – напиша министерката Јаневска.

извор/фото ФБ Весна Јаневска