Вести Македонија Ударни вести

Милошоски со барање до МНР за достава на Информација за Меморандумот испратен од Бугарија до ЕУ

Сподели:

 

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски на својот ФБ објави документ кој содржи барање до Министерството за надворешни работи за достава на Информација во врска со Меморандумот испратен од Бугарија до членките на Европската Унија, во кој тој бара министерот Османи да достави Информација за како што пишува, Меморандумот испратен од страна на Република Бугарија до членките на ЕУ, кој го засега јазичниот, националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, а истовремено може да има и негативни импликации кон долгоочекуваниот почеток на преговорите со Европската Унија.

 

Сподели: