Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во Скопје

Сподели:

 

Бугарскиот премиер Кирил Петков за првпат ќе престојува во посета на Скопје. Тој беше пречекан на скопскиот аеродром од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 

 

Петков со него предводи висока владина делегација, а покрај средбата со новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, ќе оствари повеќе средби и со други политички лидери.

Посетата, како што соопшти службата за информирање на бугарската влада, е по повод 30-годишнината од признавањето од Бугарија на независноста на Република Северна Македонија.

Сподели: