Вести Свет

AA – ЕРДОГАН: Задоволни сме од ставовите на Трамп

Сподели:

„Начинот на кој претседателот Трамп им пристапува на работите е охрабрувачки, нѐ прави среќни“, изјави Ердоган во екслузивно интервју за CNN International

Турција е задоволна од начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп им пристапува на работите и би сакале да се состанеме и да дискутираме за билатерално партнерство, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нарекувајќи ги САД и Турција сојузници, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Начинот на кој претседателот Трамп им пристапува на работите е охрабрувачки, нѐ прави среќни“, изјави Ердоган во екслузивно интервју за CNN International (Си-ен-ен интернешнал).

„Ќе се состанеме и ќе утврдиме план како два стратешки парнера, САД и Турција, како сојузници, како важни земји на НАТО. Веруваме дека можеме да решиме значајни проблеми“, додаде тој.

„Затоа, немаме какви било тешкотии на таа страна“, изјави Ердоган.

Запрашан во врска со телефонскиот повик на Трамп за да му честита за победата во историскиот референдум каде што мнозинството гласаше за уставни промени, Ердоган потсети дека претседателот му се јавил за време на велигденските празници и додаде дека се надева на тет-а-тет средба и на унапредување на нивнитe односи.

„Се согласивме да одржиме средба во соодветно време“, додаде тој.

Уставните промени ја доведоа Турција од парламентарен во претседателски систем.

Според претседателски извори, лидерите исто така дискутираа за соработката во Сирија и против тероризмот, како и за нападот со хемиско оружје на режимот на Асад, во кој загинаа 100 цивили.

Трамп исто така ѝ се заблагодари на Турција за поддршката на САД за ракетирањето на воздушната база на режимот на Асад, и двајцата лидери ја нагласија потребата за соработка во борбата против терористичките групи, особено ДЕАШ.

Сподели: