Вести Македонија

САКАМ ДА КАЖАМ:Катица ќе влегува во “ТЕЛЕКОМ”со помош на германските директори

Сподели:

Специјалното јавно обвинителство пред први мај ќе има средба со осумтемина членови на Одборот на директори на македонскииот Телеком од Германија и Унгарија, откако и по четири обиди не доби судски налог за претрес во рамки на две истраги поврзано со масовното прислушување од 2008 до 2015 година, дознава СДК.мк.

СЈО потврдило дека откако се соочи со опструкции од претставниците на македонскиот државен капитал во компанијата и од Основниот суд Скопје 1 кој четири пати одбива да му даде судски налог за влез во компанијата, сега бара согласност за пристап до податоците на операторот, во рамки на отворените истраги за масовно прислушување на граѓаните преку најголемиот телефонски и мобилен оператор во Македонија.

Од СЈО потврдиле дека побарале од Валтер Голдениц, Михаел Франк, Андреа Шаги, Петер Жом, Карој Швејнингер, Андреас Маиерхофер, Сузане Крогман и Атила Кесег, неизвршни и независни членови во Одборот на директори, да дадат согласност обвинителите да извршат претрес во компанијата и потврдија дека е договорен состанок со нив. Тие велат дека се одлучиле на ваков пристап откако Небојша Стајковиќ, Жарко Луковски, Владимир Здравев, ексминистерот за образование Панче Кралев и Александар Стојков, македонските членови на Одборот, неколку месеци одбиваат да потпишат таква согласност.

Обвинителството се обидува да влезе во Телеком од 18. ноември лани, кога ја отвори истрагата „Таргет“ за масовно прислушување во Македонија.

Сподели: