Адеми: Милошовски дрско лаже. Го бараа договорот, ќе го добијат

Сподели

 

“Милошовски лаже. Милошовски дрско лаже. Свесно креира лажни вести и ја става во заблуда јавноста”, напиша координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми.
 
“Ние, група пратеници, поднесовме закони за градбата да трае пократко и поевтино.
ВМРО заедно со Левица ги блокира законите и свесно и намерно ги чинат граѓаните над 150 милиони евра и изгубени уште две години од нивните животи.
Ако бараат изговори за блокирање на законите нека најдат пологична причина, а не да се служат со лаги.
Го бараа договорот, ќе го добијат и сами нека одлучат на која комисија сакаат да се одржи и сами да одлучат кога да се одржи.
Очигледно сега смислуваат лаги за да продолжат со шпекулациите за најголемиот стратешки проект на државата.
Ова е целосна невистина и брутална лага.”