Сорос е личност на годината според „Фајненшел тајмс“

Сподели

Американскиот филантроп и милијардер Џорџ Сорос денеска е прогласен за личност на годината од британскиот економски дневен весник „Фајненшел тајмс“.

„За личност на годината „Фајненшел тајмс“ обично решава врз основа на достигнувањата. Во случајот на Сорос оваа година, одлучено е врз основа на вредноста што тој ја претставува“, се вели во образложението.

Џорџ Сорос (88), унгарски Евреин кој во САД се збогатува и станува „таткото“ на хеџ-фондовите, е најпознат како борец за либерална демократија и отворено општество. За таа цел ја основа Фондацијата Отворено општество, преку која низ целиот свет покрај обемната добротворна активности, исто така ја поттикнува и поддржува образованието, како и борбата против авторитаризмот, расизмот и нетолеранцијата. Фондацијата дејствува и во Македонија, како Фондација Отворено општество – Македонија.