Адеми: Нема полагање матура – учениците нема да се вратат во училиште до 10 јуни

Сподели

 

Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна 2019/2020 година, изјави на денешната прес-конференција министерот за образование Арбер Адеми.

Министерот Адеми посочи дека Владата на денешната седница усвои сет образовни мерки со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно – образовниот систем.

Сите ученици ќе добијат диплома за завршено средно образование која ќе важи исто како и дипломите издадени во минатите учебни години.Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година, а тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни, а исто така се уредуваат и уписите на високообразовните установи, посочува Адеми.