Ахмети: Очекувам да бидеме апсолутен победник во албанскиот камп

Сподели

 

 „Би сакал да имаме добар изборен процес, би сакал сите протоколи да се почитуваат според директивите на здравствените установи, со најдобра намера да имаме правилен изборен процес. Овие избори се од особено значење, ако досега затворивме многу важни процеси за земјата и регионот, за мирот, стабилноста и безбедноста, сега отвораме нова страница во историјата на оваа земја, почнуваме преговори за членството на земјата во ЕУ, со што победничките сили во оваа земја имаат историска одговорност да ги исполнат сите стандарди кои ни овозможуваат побрз пат кон членство во Европската Унија. Тоа е многу важен момент за подигнување на стандардот кај луѓето, за подобар живот, за подобро образование, за уште понапредно здравје, така што мандатот на политичките партии што ќе победат на овие избори е да направат добра работа со цел да не ги разочаруваат граѓаните и што е можно поскоро овие очекувања да бидат исполнети. Јас сум многу оптимист, ако работиме со посветеност и со срце, овие стандарди сигурно дека ќе бидат постигнати “.

„Јас претходно реков дека силите што ќе победат на овие избори пред себе имаат историска шанса, имаат историски задачи за оваа земја и очекувам да работат со посветеност. Ако не го скршите изборниот молк, можам да зборувам и на оваа тема, се знае дека работевме напорно, ги презентиравме сите наши опции и платформа, очекувам да бидеме апсолутен победник во албанскиот камп“- изјави Али Ахмети на денешната прес-конференција.