Изложба на современи австриски уметници„Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“ 

Сподели:

Во Чифте амам вечерва ќе биде свечено отворена изложбата на современи австриски уметници „Флора-Фауна-Покриви/Пирх-Лајрер-Пирх“, во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија и Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија.

На изложбата ќе биде претставено современото австриско сликарство инспирирано од пејзажи, урбани мотиви, флора и фауна. 

На отворањето на изложбата ќе се обратат директорот на Националната галерија, Али Синани, кој ќе се осврне кон соработката на Националната галерија и австриската амбасада во Република Северна Македонија. Потоа, за творештвото и инспирациите ќе зборува уметникот Харо Пирх или кураторот Герхард Алтман. Обраќања ќе имаат и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, Н.Е. Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија во Северна Македонија.

На изложбата ќе бидат претставени дела од австриските уметници Харо Пирх, Констанце Пирх и Манфред Лајрер, чии уметнички дела нудат современ поглед кон природата, животинскиот свет и просторот што нè опкружува. Изложбата ги обединува трите различни, но меѓусебно поврзани уметнички визии на авторите, кои со години се дел од уметничката традиција на Рабницталските сликарски недели – во покраината Бургенланд, Австрија.

Сподели: