Вести Македонија

Ахмети-Пломп: ДУИ е свесна за тешките одлуки кои треба да ги преземе

Сподели:

Јазичната еднаквост, системските реформи, економската еднаквост, но и транспарентноста на судските постапки кои резултираа со дилеми во јавноста се приоритети за Демократската унија за интеграција, пренесува 24 Вести.

Ова го истакнал лидерот на партијата, Али Ахмети на средба со амбасадорот на Холандија во Македонија, Воутер Пломп на која зборувале за ситуацијата создадена по изборите на 11-ти декември и за иднината на земјата

Претседателот на ДУИ, Ахмети истакнал дека ДУИ многу внимателно ја следи состојбата и е свесна за тешките одлуки кои треба да се преземат во блиска иднина земајќи ги предвид создадените околности.

Сподели: