Извршниот одбор на опозицискиот СДСМ донесе одлука и иницира постапка за исклучување на Шилегов, од членството на партијата.
Во живо од Кочани на 4ТВ, Шилегов нагласи дека одлуката на Извршниот одбор на СДСМ да иницира негово исклучување од членството на партијата ќе ја коментира во текот на денешниот ден.
„Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, изјави Петре Шилегов.


