Вести Македонија

Ахмети по анкетата на партиските ограноци: Mнозинството му вратиле – коалиција со СДСМ,не со ВМРО ДПМНЕ

Сподели:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве побарал од партиските ограноци да се изјаснат дали се партијата да прави владина коалиција како и досега со ВМРО ДПМНЕ или пак да формира влада со СДСМ.

Ахмети ги добил одговорите – дека членството на партијата во многу поголем број е за коалиција со СДСМ. Ваквиот резултат е практично уште едно надгласување на Ахмети кој и од членовите на централното претседателство неодамна на состанок беше надгласан во обидот да ги убеди и во новата влада да ја продолжат дружбата со Груевски.

ДУИ се обидува да ги држи во тајност од јавноста внатрепартиските договори за одлуката со кого да коалицира. Партиски извори тврдат дека тоа е така затоа што не поминува желбата на лидерот Ахмети и неколкумина околу него да му помогнат на ВМРО ДПМНЕ да состави нова влада.

Од ден на ден и на Ахмети му станува се појасно дека расположението во партијата и членството не се поклопува со неговото, бракот со Груевски да продолжи.

Сподели: