Oбврските за спроведување на реформските приоритети што произлегуваат од извештатите на Прибе и на Европската комисија, може да ги спроведе само нова и одговорна влада, формирана според изразената мнозинска волја на граѓаните за промени“, истакнал Заев на денешната средба со словачкиот амбасадор во земјава, Мартин Безак.
![]()
Заев, како што соопштуваат од СДСМ, на средбата го информирал словачкиот амбасадор за очекувањата на СДСМ од идните политички процеси кои треба да придонесат „кон демократизација и нормализација на земјата“.
„Македонија е исправена пред сериозната обврска за спроведување на реформските приоритети што произлегуваат од извештаите на Прибе и на Европската комисија, а кои ќе придонесат кон враќање на демократските процеси во државата. Оваа сериозна обврска може да ја спроведе само нова и одговорна влада формирана според изразената мнозинска волја на граѓаните за промени. Затоа очекуваме дека на 29 јануари, Никола Груевски ќе го врати мандатот и дека СДСМ ќе биде партијата што ќе формира влада, која ќе работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија“, рекол Заев на средбата со Безак.


