ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови. Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната температура од 10 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе достигне до 8, а дневната температура до 18 степени.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а потоа следува период во кој ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, повремено поинтензивни и претежно во попладневните часови.