Вести Македонија

Ахмети: Првo да се исполнат условите, а потоа да се разговара за избори

Сподели:

Ahmeti-Suomalainen

Пред да се разговара за избори, партиите првo треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот, потенцирал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со шефицата на мисијата на ОБСЕ во земјава, амбасадорката Нина Суомалаинен.

На средбата, како што информираат од партијата, Ахмети и Суомалаинен разговарале околу новите политички случувања во Македонија и во регионот, предусловите за изборите, Специјалното јавно обвинителство и за препораките кои произлегуваат од анализата на Охридскиот договор.

„По откажувањето на предвремените парламентарни избори на 24 април и 5 јуни, претседателот Ахмети оцени дека земјата не треба повторно да се соочи со ваква несигурност која предизвикува институционална нестабилност, но, пред да се разговара за избори, партиите првин треба да се согласат дека условите за избори се исполнети и дека сите партии ќе учествуваат во процесот. Прашањето за чистење на избирачкиот список и прашањето за медиумите може да се решат ефикасно ако нема опструкции од страна на политичките партии“, стои во соопштението на ДУИ за средбата.

Во врска со анализата на Охридскито договор, Ахмети искакнал дека „македонските политички партии мора да ги надминат предрасудите во оваа насока, особено кога станува збор за службената употреба на албанскиот јазик во согласност со Уставот“.

мета.мк

Сподели: