АХВ и ЕФСА: Подигнување на јавната свест за безбедноста на храната

Сподели

Aгенцијата за храна и ветеринарство и оваа година се приклучи и ја поддржува глобалната иницијатива  и го одбележа 7 јуни, Светски ден на безбедна храна.  Со едукативен и спортско рекреативен настан наменет за граѓаните и децата, денес, во паркот Авионче во скопската населба Ново Лисиче  на присутните им беа поделени едукативни флаери за  безбедноста на храната, а за најмалите се одржаа спортско-рекреативни игри преку кои се афирмираше безбедноста на храната и нејзиното значење. 

Денеска, на 10 јуни, со поддршка и во соработка со Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе одржи настан за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната на која ќе учествуваат реномирани претстставници од  EFSA, од научните и други институции поврзани со прашпања кои се однесуваат на  производството на храна и нејзината безбедност. 

Годинашното мото на Светскиот ден на безбедна храна  – 7 јуни е ,,Науката во акција,, и тоа денес не потсетува на важноста на науката како основна алка од синџирот на безбедна храна. Едноставно, тоа е дел без кој не се може и кој ги создава основите за креирање на политиките за безбедност на храната од страна на  институциите, како што е и Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Преку едукативниот спортско рекреативен настан кој се одржа и настанот кој во соработка со  EFSA  ќе се одржи денес, АХВ и годинава активно работи на подигнување на  свеста на граѓаните за важноста на безбедноста на храната и за превенирање и управување со ризиците со цел унапредување на нивното здравје.