Вакцинацијата против беснило и обележувањето на милениците со микрочип се законска обврска. Тоа носи и обврски и одговорност, што значи дека сме одговорни и кон личното и кон здравјето на најблиските, но и кон општеството во целина – порачуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Одговорно чувајте ги милениците. Нивното одгледување не е и не смее да биде само мода или забава. Вакцинирајте ги кучињата и мачките и против беснило, така ќе го заштитите нивното, но и сопственото здравје. Вакцинацијата против беснило и обележувањето на милениците со микрочип се законска обврска. Тоа носи и обврски и одговорност, што значи дека сме одговорни и кон личното и кон здравјето на најблиските, но и кон општеството во целина – е пораката од денешната тркалезна маса по повод 28 септември, Светскиот ден за борба против беснило, што ја организираа Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарната комора.