Вести Македонија Текстови

АИ: Кинезите се најдобри кон бегалците, а Русите најлоши

Сподели:

 

Кинезите се народ кој најдобро ги дочекуваат бегалците, соопшти меѓународната организација за човекови права Амнести интернешнл (АИ), додавајќи дека веднаш зад нив се Германците и Британците.da

Русија, Индонезија и Тајланд се на дното на листата на извештајот за однесувањето на земјите кон бегалците, која е направена врз основа на анкета од околу 27.000 лица од 27 земји. Најмалку 32 отсто од испитаниците од сите земји рекле дека би прифатиле бегалец да живее во нивното соседство, 47 отсто во нивниот град и 80 отсто во нивната земја.

Околу десет отсто од испитаниците би примиле бегалец во својот дом, но тој процент во Кина изнесува 46 отсто, поради што земјата е на првото место на ранг-листата.

Русија е на последното, 27 место затоа што само еден отсто од Русите се согласиле да прифатат бегалци во својот дом, се наведува во соопштението на организацијата.

АИ додава дека Грција и Јордан, кои примиле голем број сириски бегалци, се на ранг-листата на 10 земји со наголемо гостопримство кон бегалците.

Извор мета.мк

http://meta.mk/ai-kinezite-se-najdobri-kon-begaltsite-a-rusite-najloshi/

Сподели: