АКЦИЈА: 14 ДЕН ОД ПОТРАГАТА НЕМА ТРАГА ОД 16-МЕСЕЧНАТА ЕЛИФ

Сподели

 

maxresdefault(78)

Војниците го пребаруваат теренот. Тие се поделени во две групи и со себе имаат багер и куче. Денеска го пребаруваа горниот дел на Камник, во близина на куќите кои се наоѓаат близу скопската обиколница. И понатаму се во потрага по 16-месечната Елиф, известува ТВ21

На 14-тиот ден од поплавите што го погодија Скопје и околината, нема ниту една трага од малата Елиф Фејзулаху, но потрагата продолжува.

Тука е и чичкото на Елиф, Џемаил Фејзулаху, кој заедно со војниците ја бара својата мала внука.

За разлика од другите денови, денеска на терен немаше доброволци да учествуваат во потрага по Елиф. Но, еден жител на Камник им помагаше на војниците во потрагата. Според него, реонот подобро го познаваат локалните жители, па поради тоа им помага на војниците.

На 6-ти август Елиф заедно со нејзините родители била во автомобил, кој беше зафатен од поплавите. Нејзиниот татко, не преживеа и неговото тело беше пронајдено, а мајката два часа подоцна беше пронајдена жива. Чичкото на Елиф, вели дека потрагата нема да заврши се додека не ја пронајдат неговата внука. Тој ги повика граѓаните да се приклучат во потрагата.