Венецуела ја погодија два силни земјотреси – многу повредени и жртви

Сподели:

Два силни земјотреси ја погодија Венецуела. Првиот потрес се случил вчера, околу 18 часот по локално време, со јачина од 7,1 степени според Рихтер, додека вториот земјотрес со јачина од 7,5 степени бил по една минута. И двата земјотреси се со епицентар западно од главниот град Каракас.

Според првичните официјални информации, најмалку 32 лица загинале, а околу 700 се повредени, но сеуште не се знае конечниот број на жртвите и на повредените. Илјадници жители ја поминаа ноќта на отворено поради страв од нови потреси.

Прогласена е вонредна состојба во земјата, спасувачките служби, армијата и медицинските тимови се распоредени на најзагрозените места, а претседателката Делси Родригез ги повика сите лекари и медицински сестри веднаш да им помогнат на повредените.

Во моментов затворен е главниот аеродром во Каракас и железничкиот сообраќај е во прекин.

Сподели: