АКЦИЈА: „Ние сме Карпош 4“ и „Еко-Свест“ ќе садат дрвца во скопската населба Карпош 4

Сподели

Граѓанската иницијатива „Ние сме Карпош 4“ во соработка со „Еко-Свест“ утре организира садење на дрвца во скопската населба Карпош 4.

„Придружете ни се. Оваа сабота, 25 февруари, во 10 часот (можете и порано). Пожелна опрема: лесна облека, ашов, лопата, ракавици, желба.  Се гледаме“, стои во повикот за утрешното садење.

Од „Ние сме Капош 4“ потенцираат дека ќе се садат дрвца на неколку места. Почетно собирно место е во зеленото паркче на булеварот „Партизанска“ над лулашките, спроти Доминос пицеријата.