Амар Мециновиќ прифати дебата на Телма телевизија

Сподели:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи сподели дека прифатил покана за дебата на телевизија Телма.

„Добро утро Скопје, дебата на Телма за следниот четврток. Со задоволство ја прифаќам поканата на телевизијата Телма за учество во дебатата за главниот град со мојот противкандидат. Во духот на демократијата и витешката борба, сметам дека сите дебати се добродојдени“, напиша Амар на социјалните мрежи.

Сподели: