Uncategorized

Амбасадорот на САД во Грција: Договорот од Преспа ги „отклучува“ односите со северните соседи

Сподели:

 

-Ме импресионираше тоа што бизнисмени од Солун на кои не им се доаѓа Договорот од Преспа, сепак се согласуваат дека имплементацијата ќе создаде нови и важни економски можности, вели амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат за неделното издание на „Катимерини“ и додава дека решението меѓу двете земји ги „отклучува“ односите со северните соседи.

Интервјуто е во пресрет на традиционалниот Меѓународен саем во Солун што започнува следната сабота, а на кој Соединетите Американски Држави, оваа година се почесна земја. 

– Договорот од Преспа е важен затоа што ги „отклучува“ односите со северните соседи. Бев импресиониран бидејќи во Солун од бизнисмените слушнав дека се согласуваат, па дури и да не им се допаѓа Договорот од Преспа, дека ако се спроведе ќе создаде важни и нови економски можности. Не станува збор само за Скопје, туку и за историскиот однос на Грција со сите земји од Западен Балкан, фактот дека Грција го дели американското мислење дека овие земји треба да можат да го продолжат нивниот пат до членство во НАТО и ЕУ, ако нивните народи го одберат тоа, вели амбасадорот на САД.

Тој додава дека токму ова ќе биде дел од политичката порака на саемот на кој ќе присуствува новиот заменик помошникот државен секретар за Турција, Кипар и Балканот, Метју Палмер.

Пајат вели дека САД ја преферира Грција како партнер во нивната вклученост во Западен Балкан, но и дека „силна Грција е природен партнер на САД“.

МИА

Сподели: