Министерот Седат Сулејмани во посета на Театарот Комедија

Сподели:

Министерот за култура Седат Сулејмани го посети Театарот комедија, каде во пријателска и конструктивна атмосфера разговараше со директорот Едмонд Сотир.

На средбата беа разгледани приоритетите на институцијата, почетокот на театарската сезона, кадровските решенија, како и состојбата на објектот, на кој му се потребни одредени интервенции за подобрување на условите за работа.

Посетата е дел од континуираната практика на министерот Сулејмани за непосредно запознавање со директорите, условите, програмите и кадарот со кој располагаат културните институции, со цел поддршка на нивниот развој и квалитетна уметничка продукција.

Сподели: