Вести

Anadolu Agency го прославува својот 97. роденден

Сподели:

Anadolu Agency (АА) денес го слави 97. роденден и го продолжува својот успешен пат со најдобрите светски новински агенции.

АА е основана на денешен ден во 1920 година со одлука на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција.

Во периодот на ослободителната војна и основањето на Републиката, АА имаше историски важна улога во Турција бидејќи го пренесуваше гласот на борбата на турскиот народ за независност.

АА оттогаш не заостана во маратонската трка на глобалниот агенциски и новинарски полигон.

Со имплементација на јасната визија на работа и развој, и почитувајќи ги принципите на сигурно, непристрасно, етичко и брзо известување, АА со сигурни чекори се движи кон јубилејот на 100 години постоење, со што ретки институции од овој вид може да се пофалат.

Јунус Нади и Халиде Едип, угледни интелектуалци кои го напуштија Истанбул пет дена по неговиот пад на 16. март 1920 година, се идејните творци на Anadolu Agency.

Нади и Едип ги поставија темелите на новинската агенција која делува денес на глобално ниво.

По потпишувањето на оснивачкиот акт од страна на Ататурк, АА со работа започна во воената касарна Зираат Mектеб во Анкара, а првиот билтен со вести беше објавен на 12. април 1920 година.

Првиот билтен е дистрибуиран во сите слободни делови на земјата, а во него имаше вести не само од земјата, туку и од светот.

Потоа е формирана и дистрибутерска мрежа на луѓе кои ги доставуваа следните билтени на АА, а агенцијата стана најважниот извор на вести во земјата.

И основачот на современа Република Турција, Ататурк, лично го следел и помагал во работата на агенцијата во првите денови од нејзиното работење.

АА денес има мрежа на дописници во 84 земји во светот и претплатници во 45 држави, а објавува вести на 11 јазици. Вработените продолжуваат да работат во согласност со целта на АА – да биде една од петте највлијателни агенции во светот.

Сподели: