Ангелов: ПМ честиците во воздухот се во нормални граници во тетовско

Сподели

 

Пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола. Има по малку чад, но на лице место континуирано се уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово, којашто ја контролира ситуацијата како и полиција за обезбедување на локацијата.
 
Од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово се излезени на терен за да ја испитаат водата за пиење. Но, резултатите ќе бидат готови за неколку дена. Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина.
 
Во повторен разговор со сопственикот на магацинот добивме имформација дека се опожарени 14 тони бои, лакови и други хемиски ореоарати, а не 100 како што не известија вчера изјави Стојанче Ангелов.
 
 
 
 
Поголем дел од магацинот бил железарија а мал дел за бои, лакови и други хемиски препарати.
 
Од вчера до денес врне слаб дожд, а во текот на ноќта дувал и слаб северен ветер кои помогнале ПМ честиците во воздухот да дојдат во нормални граници, поради што нема потреба од мерки за заштита од дополнително загадување. Во текот на денот ќе бидат земени примероци од почвата и водата заради дополнително испитување, додаде Ангелов.