Ангелов: Сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства треба да одговараат

Сподели:

По најавата за протестот од страна на Али Ахмети, со реакција се огласи Стојанче Ангелов, кој порача дека сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства треба да одговараат согласно меѓународното право, вклучително и оние кои во 2001 година извршиле воени злосторства во Македонија.

“Апсурд е да се бара ослободување на било кои злосторници, осомничени, обвинети или осудени за воени злосторства опфатени со меѓународното право. Од друга страна, ваквиот протест, повеќе од сигурно, нема да го поколеба судот во Хаг.

Тогаш, се поставува прашање, која е скриената агенда на денешниот протест? Уште повеќе, зошто токму во Скопје? Дали “случајно”, дали затоа што не им дозволиле на друго место или сепак се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта? Напад врз владејачкото ВМРО ДПМНЕ и коалицијата? Напад врз премиерот Христијан Мицкоски кој се покажа како прилично тврд орев за меѓународната заедница?

Перфиден напад кој едноставно го принудува и албанскиот коалиционен партнер во власта, денес да излезе на протест? Бидејќи, ако не излезе, добиваме посилно ДУИ. А ако излезе, се создава погодно тло за послаба власт, односно, погодно тло за враќање на ДУИ во власта?

Можноста пак, за разгорување на меѓуетничката нетрпеливост и нарушување на ионака кревката меѓуетничка доверба, на ДУИ им доаѓа како гратис”, изјави Стојанче Ангелов.

Сподели: